вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден млад скопјанец кој возел тротинет

Тешко повреден млад скопјанец кој возел тротинет
илустрација

На 09.08.2023 во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„808“, ул.„15 корпус“ и бул.„Киро Глигоров“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(57) од Скопје и електричен тротинет управуван од В.Т.(28) од Скопје.

Во несреќата возачот на тротинетот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.