вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден мотоциклист

Тешко повреден мотоциклист
илустрација

На 20.12.2022 во 16:20 часот во ОВР Ресен било пријавено дека на крстосница од ул „Борис Кидрич“ и ул „Иво Лола Рибар“ во Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од З.М.(38) од с.Дрмени, ресенско и мотоцикл „јамаха“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од И.Т.(36) од Ресен.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на ОВР Ресен.