четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Кавадаречко

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Кавадаречко
илустрација

Дваесет и четири годишен мотоциклист од Кавадарци бил тешко повреден  во сообраќајка кај Спомен-паркот „12 младинци“ во Моклиште кај Ваташа, Кавадаречко.

-Сообраќајната незгода се случила утринава во 1.30 часот на регионалниот  пат Кавадарци – Мушов гроб, меѓу возило марка „киа“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од 24-годишен кавадарчанец и мотоцикл „сузуки“ со кавадаречки ознаки управуван од 24-годишникот кој бил тешко повреден, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Со тешки телесни повреди мотоциклистот бил пренесен во комплексот  клиники „Мајка  Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на несреќата.