четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден велосипедист во Врапчиште

Тешко повреден велосипедист во Врапчиште
илустрација

Денеска (20.09.2022) во 07:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Градец, во Врапчиште, патничко моторно возило „фиат пунто“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот А.Ш. од гостиварска Топлица, удрило во велосипед што го управувал Х.Б.(64) од гостиварски Добридол.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.