петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден возач на „кавасаки“

Тешко повреден возач на „кавасаки“

На 01.01.2023 во 14:45 часот пријавено е дека на локалниот пат во с.Теарце, тетовско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(40) од с.Доброште и моторцикл „кавасаки“ без регистарски ознаки, управуван од  Б.Ц.(20) од с.Теарце.

По несреќата возачот на моторциклот Б.Ц. е пренесен во Клиничка болница Тетово каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот по овластување на Јавен обвинител извршила увидна екипа од СВР Тетово.