На 25.04.2023 околу 17.50 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.П.(22) од Дебар и мопед без регистарски ознаки, управуван од Т.К.(43) од Дебар, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.К. констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Дебар.