вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден жител на Градец, со автомобил удрил во електричен столб

Тешко повреден жител на Градец, со автомобил удрил во електричен столб

На 15.07.2023 во 18.25 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат пат од с.Неготино, гостиварско, кон автопатот Гостивар-Тетово, патничко возило „форд фиеста“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.В.(29) од с.Градец, гостиварско, удрило во електричен столб, информира МВР.

Во несреќата, Ф.В. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Гостивар.