недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден жител на кичевско Србјани, со автомобилот излетал од патот

Тешко повреден жител на кичевско Србјани, со автомобилот излетал од патот
илустрација

На 17.02.2023 во 15.15 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, кај место викано „Марвена“, патничко моторно возило „опел тигра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(46) од с.Србјани, кичевско, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.