вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повредена скопјанка во сообраќајка меѓу автомобил и електричен тротинет

Тешко повредена скопјанка во сообраќајка меѓу автомобил и електричен тротинет

На 24.04.2023 во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(46) од с.Батинци, скопско и електричен тротинет, управуван од Л.С.(59) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.