вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повредена велосипедистка во Скопје

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
илустрација

На 17.05.2022 во 14,25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Призренска“ во Скопје, патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(71) од Скопје, удрило во велосипедистка С.Г.(50) од Скопје, информира МВР.

С.Г. била пренесена во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.