Денеска (06.10.2022) во 14:05 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „фиат пунто“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Б.Н. од Голема Речица, удрило во пешакот М.С.(68) од Тетово.
Во несреќата М.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата, по овластување на Јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Тетово.