сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повредено едно лице во сообраќајка во Неготино

Тешко повредено едно лице во сообраќајка во Неготино
илустрација

На 07.06.2023 во 14:00 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосница од улиците „Фемо Кулаков“ и „Владо Арсов Шпанац“ во Неготино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.Д.(28) од Кавадарци и товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.П.(26) од Неготино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.П. констатирани во Општа болница Кавадарци.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино.