среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тетовчанка си го убила сопругот – самата се пријавила во полиција

Тетовчанка си го убила сопругот – самата се пријавила во полиција

На 27.06.2021 во 11,35 часот во СВР Тетово А.С. (39) пријавила дека околу 11,00 часот во семејниот дом во Тетово извршила кривично дело убиство врз нејзиниот 51- годишен невенчан сопруг А.И..

Според пријавеното, во извршувањето на кривичното дело осомничената употребила тврд предмет.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против А.С..