СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.М.(24) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба’’ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Пријавениот, во периодот од ноември до декември 2021 година, извршил тешка кражба во куќа на ул.„Ван Вардарска“ во Тетово, сопственост на Ќ.Б., од каде што одзел разновидна техничка стока.
При преземање мерки, полициски службеници од СВР Тетово на 05.12.2021 извршиле претрес во домот на пријавениот и повеќе куршуми од различен калибар, еден пиштол марка „Ekol Aras Magnum“ и неколку испукани чаури.