петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тинејџер со мопед се судри со автобус, момчето тешко повредено

Тинејџер со мопед се судри со автобус, момчето тешко повредено

На 17.07.2023 во 16.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, на крстосница која го поврзува со ул.„Св.Јоаким Осоговски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со кривопаланечки регистарски ознаки, управуван од Д.С.(18) од Крива Паланка и автобус со бугарски национални ознаки, управуван од Н.А.К.(62) од Софија, Р. Бугарија, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Здравствен дом Крива Паланка.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.