сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тинејџерка удрила во паркиран автомобил додека возела, повредени три женски лица

Тинејџерка удрила во паркиран автомобил додека возела, повредени три женски лица
илустрација

На 09.09.2023 во 04:30 часот во Гевгелија на ул.„С.М.Данко“ патничко моторно возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(18), удрило во паркирано патничко моторно возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на правно лице.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.А.(20), а со телесни повреди се здобила Н.Ш. и сопатничката Л.А.(18), сите од Гевгелија, констатирани во здравствена установа во Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Гевгелија.