СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.П.(19) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 03.02.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.