понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тинејџер нападнал постар сограѓанин: Приведен разбојник од Штип, одземеното вратено на сопственикот

Тинејџер нападнал постар сограѓанин: Приведен разбојник од Штип, одземеното вратено на сопственикот

Денеска (31.05.2022) од страна на полициски службеници од Полициска станица Штип на ул.„Радански пат“ во Штип од слобода е лишен Џ.Ј.(18) од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“, односно истиот ден од 70-годишен штипјанец одзел пари.

Со него е извршен службен разговор во полициска станица, а кај него се пронајдени одземените пари кои се вратени на сопственикот. По комплетно документирање на службениот материјал против Џ.Ј. ќе биде изготвена кривична пријава по чл.237 ст.1 од Кривичниот законик.