Вчера околу 11 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Мукос“ и „Шаќир Војвода“ во Прилеп, патничко возило „Фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Д. (19) од Прилеп, удрило во 11-годишен велосипедист од Прилеп.
Притоа, детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската општа болница Прилеп, каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот.