понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тинејџер со товарно возило се судрил со мопед управуван од малолетник, двајца повредени

Тинејџер со товарно возило се судрил со мопед управуван од малолетник, двајца повредени

Двајца малолетници се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу пладне на локалниот пат Куманово-с.Сопот.

Во несреќата, информира МВР, учествувале товарно возило „мерцедес“, управувано од О.Л.(19) од Куманово и мопед управуван од малолетник од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки.

-Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мопедот од с.Горно Којнаре, кумановско, констатирани во Општа болница во Куманово, велат од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.