На 27.08.2022 во 04:05 часот на бул.“Борис Трајковски“ полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и ЕВР Кисела Вода ги лишиле од слобода Б.Б.(19), Т.Л.(19) и уште еден малолетник, сите од Скопје кои биле со патничко моторно возило “ауди’ со скопски регистарски ознаки.
Приведени се поради постоење основи на сомнение дека истиот ден извршиле кривично дело „тешка кражба во обид“ во тобако на ул.“Ѓорѓи Димитров“.
Со нив бил извршен разговор, во кој во целост го признале кривичното дело. Од нив било одземено возилото кое го управувал малолетникот и три мобилни телефони.
По целосното документирање на случајот од страна на ЕВР-ОКР Кисела Вода ќе биде поднесена кривична пријава.