понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Товарно возило удри во тротинет, тешко повреден скопјанец

Товарно возило удри во тротинет, тешко повреден скопјанец

На 23.07.2023 во 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје, товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(30) од Косово, со живеалиште во Скопје, удрило во тротинет, управуван од Џ.А.(34) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинет, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.