недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

ТРАГЕДИЈА: Маж загина во сообраќајка на патот Прилеп-Градско, познат неговиот идентитет

ТРАГЕДИЈА: Маж загина во сообраќајка на патот Прилеп-Градско, познат неговиот идентитет

Попладнево во 17:55 часот на патот Прилеп-Градско, пријавено е дека се случила сообраќајна незгода, помеѓу товарно моторно возило со полуприколка и патничко моторно возило „голф“ управувано од
Д. К. (1982) од Прилеп.

Кај возачот на Голфот во 19:30 часот е констатирана смрт.

Оваа информација ја потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Две лица со повреди се пренесени во Клинички центар во Скопје. Увидот е во тек.