сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ТРАГЕДИЈА: МВР со детали за сообраќајката во која почина жена од Ресен

ТРАГЕДИЈА: МВР со детали за сообраќајката во која почина жена од Ресен

На 23.04.2023 во 13:53 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Ресен, кај превојот „Ѓавато”, во атар на с.Ѓавато, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“, управувано од  И.А.(57) од Ресен и патничко возило марка „мерцедес”, управувано од  С.Ј.(52) од Ресен, двете со ресенски регистарски ознаки.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починала И.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Сопатникот во возилото „сеат“ А.А.(56) од Ресен и возачот на возилото „мерцедес“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општа болница Битола.

Увид извршила екипа на СВР Битола.