сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Трагедија на патот Охрид-Ресен: Младо момче со автомобил удри во пешак, мажот починал на лице место

Трагедија на патот Охрид-Ресен: Младо момче со автомобил удри во пешак, мажот починал на лице место

На 03.12.2021 во 16.30 часот, на мaгистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Лескоец, патничко возило „ауди А4“, со охридски регистарски ознаки, управувано од М.П.(23), удрило во пешакот Д.Т.(68), двајцата од село Лескоец, информира МВР.

На местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид.

Увид извршија полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.