вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ТРАГЕДИЈА: Почина работник, паднал од висина – телото на обдукција, познат идентитетот

На 26.05.2023 во 22:45 часот било пријавено дека на подрачјето на Чаир во објект во изградба при извршување на работни обврски Н.П.(41) од Р.Албанија паднал од висина и починал.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Известени биле Јавен обвинител и трудов инспектор, кои излегле на местото на настанот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.