петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Трагедија среде Скопје: Почина велосипедистот кој утрово беше прегазен, познат неговиот идентитет

Трагедија среде Скопје: Почина велосипедистот кој утрово беше прегазен, познат неговиот идентитет
ММС

На 13.07.2021 во 10.30 часот било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(20) од с.Батинци, скопско, удрило во велосипед, управуван од Б.Љ.(54) од Скопје.

По незгодата велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде од страна на лекар била констатирана смрт.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.