На 27.10.2018 година околу 13:40 пријавено е дека на регионалниот пат с. Брезница -Македонски Брод, се случила сообраќајна незгода во која Б.Н. (39) од Македонски Брод, управувајќи возило „ТАМ 75-А“ со скопски регистарски ознаки, излетал од патот и возилото се превртело.
Во незгодата сопатникот Т.Г. (50) од с.Битово-Македонски Брод, починал на лице место.
Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт.
Возачот Б.Н. и сопатникот М.Т. (50) се здобиле со телесни повреди, а Г.Н. (47) е префрлен во ГОБ„Св. Наум Охридски“- Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.