среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Три лица каснати од кучиња скитници

Три лица каснати од кучиња скитници
илустрација

На 12.04.2023 во 13:30 часот во Полициската станица Кочани, Д.Г.(67) од Кочани пријавил дека на ул.„Димитар Влахов“ бил каснат од куче скитник.

На 13.04.2023 во 12:00 часот во Полициската станица Свети Николе, Б.Ј.(61) од Свети Николе пријавил дека на ул.„Карпошева“ во Свети Николе бил каснат од куче скитник.

На 12.04.2023 во 11:00 часот во Полициската станица Кичево, Е.Н.(49) од кичевското село Стрелци пријавил дека на Градскиот кеј во Кичево бил каснат од куче скитник.