четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Три лица каснати од кучиња скитници

Три лица каснати од кучиња скитници

На 24.08.2023 во 11:30 часот во Полициската станица Кичево, Р.Н.(22) од Кичево пријавил дека на ул.„29 Ноември“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

Денеска (25.08.2023) во 11:30 часот во Полициската станица Гази Баба, А.П.(66) од Скопје пријавил дека на ул.„Гемиџиска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Денеска (25.08.2023) во 11:00 часот во Полициската станица Чаир, Ж.К.(59) од с.Кучевиште, скопско, пријавил дека на ул.„Јадранска магистрала“ бил каснат од куче скитник.