вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Триесет дена притвор за тетовец приведен поради марихуана

Триесет дена притвор за тетовец приведен поради марихуана

Откако вчера попладне беше приведен поради откриена марихуана кај него, денеска попладне 34-годишниот Б.Р од Тетово доби 30 дена притвор од страна на судија во претходна постапка, информираат од СВР Тетово.

Кај 34-годишникот, инаку познат на полицијата за слични дела, биле откриени 45 грама марихуана, а полицијата открила дека ја чувал во долната облека.

-Кај наплатната рампа Желино полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот тетовец Б.Р. При негов и преглед на возилото „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувал, била пронајдена марихуана. Тетовецот Б.Р. задржан е во Полициската станица Тетово и ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопшти претходно од СВР Тетово за приведувањето.

Уште две други лица беа приведени вчера подоцна околу 19:00 часот по претрес во стан и куќа при што беа најдени марихуана, метална дробилка, ризла и зипер кесички. (МИА)