петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тројца повредени откако автомобил излета од патот Идризово – Кадино

Тројца повредени откако автомобил излета од патот Идризово – Кадино

На 12.06.2022 во 01.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Идризово – с.Кадино, патничко возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(35) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.Н.(34), а со телесни повреди се здобиле Е.Д. и сопатничката Н.Д.(38), сите од Скопје, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.