сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тројца повредени во сообраќајка во Желино

Тројца повредени во сообраќајка во Желино

На 13.12.2022 во 21.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, во с.Желино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Ќ.С.(44) од с.Палатица и патничко возило „сеат толедо“, управувано од А.Т.(61) од с.Чифлик, двете со тетовски регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „сеат толедо“, Џ.Р.(63) од с.Ларце, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи констатирани во Клиничката болница во Тетово, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.