Тројца работници вчера се повредиле додека извршувале работни задачи. Станува збор за три одвоени случаи на три локации во Скопје.
-Во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје со повреда бил донесен Г.У.(28) од Република Турција, со престој во Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредата додека извршувал работни задачи на објект во изградба на ул.„Јордан Мијалков“. Бил известен трудов инспектор, информира МВР.
Вториот случај е пријавен околу 12:35 часот, а во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен Т.К.(60) од с.Шишево, општина Сарај.
Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи на ул.„Лондонска“ во Скопје.
Скопјанецот С.У.(52) бил донесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ со повреда која ја здобил додека извршувал работни задачи во фирма во Скопје. За случајот бил известен трудов инспектор.
Од МВР велат дека се работи на расчистување на сите случаи.