среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тројца повредени откако автомобил излетал од патот Охрид – Св.Наум

Тројца повредени откако автомобил излетал од патот Охрид – Св.Наум

На 01.03.2023 во 00.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум во Охрид, патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.С.(18) од Охрид излетало од коловозот.

-По несреќата, возачот М.С. и сопатниците К.Т.(22) и Т.В.(34), двајцата од Охрид, биле пренесени во специјалната болница „Св.Еразмо“, каде на М.С. и сопатникот К.Т. им биле констатирани тешки телесни повреди, додека на сопатникот Т.В. му биле констатирани телесни повреди, информира МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.