среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тројца повредени во сообраќајка на „Првомајска“

Тројца повредени во сообраќајка на „Првомајска“
илустрација

На 10.08.2023 во 08,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на бул.„Борис Трајковски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(58) од с.Алдинци, скопско и патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки, управувано од Ж.Т.(34) од Берово.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „бмв“, С.М.(56) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот Н.Ј. и уште еден сопатник од возилото „бмв“, М.М.(61) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.