петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тројца повредени во сообраќајка во Битола

Тројца повредени во сообраќајка во Битола

На 16.10.2023 во 17.47 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.К.(20) од Битола и патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.У.(19) од Битола.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.У.(57) од Битола, сопатник во возилото „мерцедес“, а со телесни повреди се здобиле возачот П.К. и сопатникот во неговото возило, С.К.(21) од с.Велгошти, охридско, информира МВР.

Увид извршила екипа на СВР Битола.