вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсен 25 годишник од Мала Речица, заедно со малолетник краделе пари од продавница

Уапсен 25 годишник од Мала Речица, заедно со малолетник краделе пари од продавница

На 21.08.2022 во 14.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 25-годишниот А.Р. од тетовска Мала Речица поради сомнение дека заедно со малолетник на 17-ти овој месец извршиле кражба на пари од колонијална продавница во тетовско Камењане.

Тој го признал делото и по целосно документирање на случајот против него и малолетникот, кој денеска ќе биде повикан во Полициската станица Тетово, ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.