Албанската гранична полиција на граничниот премин Морина на границата со Косово, запленила уред за произвидство на криптовалути.
Како што објави „Њуз1.мк“, при акцијата на граничната полиција во Морина, во соработка со истражните структури на ДВП Кукс и царинските органи, бил приведен Б.Б., 33-годишен државјанин на Македонија.
При контрола на возилото, полициските служби пронашле и одзеле 39.000 евра, кои македонскиот државјанин не ги пријавил, како и уред за кој постои сомневање дека се користи за производство на криптовалути.
По извршената акција извршена од страна на специјалците од Отсекот за истрага на економски и финансиски криминал во ДВП Кукс, возачот на возилото е осомичен за сторено кривично дело „Непријавување пари и вредни предмети на граничен премин“.
Материјалите ќе бидат проследени до Обвинителството на судската област Кукс за понатамошно постапување.