вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсен жител на Камењане, пијан на тепал партнерката

Уапсен жител на Камењане, пијан на тепал партнерката

Д.М.(42) од с.Камењане синоќа бил приведен во полициска станица, а по претходно пријава на 40 годишна жена од с.Боговиње дека врз нејзе е извршено семејно насилство од Д.М. со кој што живееле заедно.

-Имено, според пријавата околу 17.45 часот Д.М. кој бил во алкохолизирана состојба по претходна расправија физички ја нападнал пријавителката. Од доктор во Клиничкиот центар Тетово на пријавителката и биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.