среда, 24. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсени двајца мажи од Косово, влегле во касарната „Илинден“

Уапсени двајца мажи од Косово, влегле во касарната „Илинден“

Двајца млади косовски државјани вчера се уапсени во кругот на касарната „Илинден“, поради сомнение дека неовластено влегле во воен објект, соопшти МВР.

На 05.10.2022 во 17:30 часот на бул.„Никола Карев“ во Скопје, во кругот на касарната „Илинден“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик, полициски службеници од Полициската станица Карпош ги лишиле од слобода J.K.(29) и Ш.E.(25), двајцата од Косово.

Тие биле приведени во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.