четврток, 7. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсени три лица од Битола, физички се обиделе да нападнат советници од градот

Уапсени три лица од Битола, физички се обиделе да нападнат советници од градот

На 28.12.2022 во 21.20 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги привеле А.Т.(48), А.Т.(26) и М.Т.(27), сите од Битола, затоа што се однесувале агресивно кон советници од Совет на општина Битола и се обиделе физички да нападнат дел од нив.

Тие, исто така, се однесувале агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.