недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Ученик пукал во училиште во Охрид: Еден повреден во инцидентот

Ученик пукал во училиште во Охрид: Еден повреден во инцидентот

Во охридската полиција попладнево пријавено било пукање од оружје во Општинскиот електромашнски центар „Св. Наум Охридски“.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски потврди дека се случил инцидент во училиштето во кој е повредено едно лице кое било пренесено во болница.

Засега нема информации за карактерот на неговите повреди, но неофицијално во инцидентот бил користен лажен пиштол, таканаречен „плашливец“.

Неофицијално до инцидентот дошло пред почетокот на третиот час околу 15:30 часот. Го предизвикал ученик од трета годима, поради нетрпеливост со ученик од прва година, чии училници биле во непосредна близина. Пукањето предизвикало паника помеѓу учениците.

Извор: ТЕЛМА