На 20.12.2020 во периодот од 17.00 до 21.00 часот, полициски службеници од ОВР Кочани извршиле контрола на 30 угостителски објекти на подрачјето на ОВР Кочани во врска со почитувањето на мерките донесени од Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на Ковид 19.
При контролата, било констатирано дека еден угостителски објект не го почитувал работното време, односно во угостителски објект на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани во 18.35 часот биле затекнати неколку гости.
По консултација со Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик, „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.