На 03.12.2020 во 22.20 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека угостителски објект во село Трубарево работи после 21.00 часот. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека објектот работи и во него има гости.
Во полициска станица бил извршен разговор со сопственичката С.С.(46) од Скопје и по целосно документирање на случајот, во координација со Државниот пазарен инспекторат против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.