Во Полициската станица Гази Баба синоќа во 22 часот било пријавено дека угостителски објект во село Трубарево работи после 21 часот. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека објектот работи и во него има гости.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во полициска станица бил извршен разговор со сопственичката С.С.(46) од Скопје и по целосно документирање на случајот, во координација со Државниот пазарен инспекторат против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.