За време на првомајските празници извршена е кражба во основното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ лоцирано во Кисела Вода.
Од полицијата информираат дека вчер абило пријавено дека од дворот на Основното училиште непознат сторител извршил кражба на бистата на Кузман Јосифовски-Питу, висока околу 80 сантиметри.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.