понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Утрово трагедија во скопската населба Козле

Жена го изгуби животот утрово во населбата Козле во општина Карпош. Таа лежела почината на улица во близина на училиштето „Владо Тасевски“ и градинката „Пролет“.

„Фактор“ објави дека жената била прегазена од автомобил.

Но, според очевидци на немилиот настан, кои ја контактираа редакцијата на КУРИР, жената починала најверојатно од мозочен удар.