четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уценувал тетовец дека ќе објави компромитирачки фотографии, му земал над 18.000 евра

Уценувал тетовец дека ќе објави компромитирачки фотографии, му земал над 18.000 евра

Полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција – Одделение за економски криминал при СВР Тетово вчера вечерта во Мала Речица ги лишиле од слобода З.Д.(33) од с.Голема Речица, тетовско и Ј.А.(60) од с.Пирок, тетовско.

-По преземени мерки било утврдено дека од средината на јануари 2023, З.Д. во неколку наврати изнудил вкупно 18.630 евра од лице од Тетово, уценувајќи го дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина.

Според пријавеното, З.Д. во неколку наврати го организирал примопредавањето на парите преку Ј.А., такси возач во Тетово.

Имено, тој му се јавувал на оштетениот и му кажувал да ги предаде парите на Ј.А., кој подоцна му ги доставувал нему. Истото било направено и во текот на вчерашниот ден, при што биле затекнати од полициски службеници при примопредавање на парите, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

З.Д. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.