среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Велешанец фатен на дело додека крадел пари од црква

Велешанец фатен на дело додека крадел пари од црква

На 12.12.2022 во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.З.(30) од Велес. Тој бил затекнат при обид да изврши кражба во црквата „Свети Спас“ во Велес.

-Исто така, по преземени мерки било констатирано дека тој на 10.12.2022 од истата црква одзел пари, информира МВР.

Лицето било задржано во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.